Македонскиот фудбалски прволигаш Башкими 1947 објави дека ја прекина соработката со тренерот Муарем Муарем и помошникот тренер Енес Ќаили.
Клубот им се заблагодарува на двајцата за нивниот придонес, посветеност и работа што ја завршија во претходниот период со тимот, помагајќи во развојот на тимот во враќањето во Првата македонска фудбалска лига.
„ФК Башкими1947 им посакува успех и просперитет во продолжението на нивната професионална кариера“, стои во соопштението на Башкими.
Се очекува во следните денови да биде објавено името на наследникот на Муарем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

