Екипата на Башкими за продолжението од сезоната се засили со фудбалерот на Тринидад и Тобаго, Никел Роналдо Ор.
24-годишниот Роналдо Ор игра на левокрилната офанзивна позиција, и во Башкими доаѓа од екипата на ПАЕК од Кипар.
„Роналдо Ор претставува модерен профил на играч. Се очекува брзо да се прилагоди на филозофијата на игра на клубот и да даде значаен придонес кон нашите цели. Овој трансфер ги потврдува амбициите на ФК Башкими 1947 да продолжи со градење силен, конкурентен тим и со јасен идентитет“ – информираат од Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

