Фудбалерите на Башкими славеа над фаворизираната Струга со 2:1 во последниот натпревар од деветтото коло во Првата Македонска фудбалска лига.
Ова е втора победа за Башкими сезонава, а првпат се радува на триумф во меѓусебните дуели со Струга.
Стружани по поразот останаа на делба на второто место на табелата со 17 бодови колку што има и Вардар, додека лидерот Шкендија има 20 бодови.
Башкими, пак, остана на претпоследната деветта позиција на табелата со седум бодови, два помалку од Арсими.
Домаќинот предводен од новиот тренер Муарем Муарем одигра одличен натпревар, имаше повеќе од играта во поголем дел од натпреварот и направи повеќе шанси од кои постигна два гола иако гостите го отворија резулатот.
Струга поведе со голот на Диако во 26-та минута, но радоста на гостите траеше само осум минути кога Ор погоди за 1:1.
Голот за победа на Башкими го постигна Мајимона во 51-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
