Екипата на Башкими е уште еден осминафиналист во Купот на Македонија откако на гостински терен славеше убедливо со 0-4 против прилепска Победа.
Прволигашот демонстрираше сила и со головите на Хаџиќ во 26. минута, Мемети во 76. минута, Мислими во 79. минута и Аворњо во 82. минута дојде до победата.
Претходно, во осминафиналето од Купот на Македонија место веќе обезбедија и Работнички, Силекс, Охрид, Детонит Плачковица, Беласица, Брегалница, Шкендија Арачиново, Пелистер и Македонија ЃП, а директно место во осминафиналето имаат минатогодишните финалисти Вардар и Струга ТЛ.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
ОХРИД: Охрид – АП Брера 1-1 (пенали: 5-3)
ВЕЛЕС: Башкими 2008 Јаболчиште – Детонит Плачковица 1-4
КАРБИНЦИ: Карбинци – Работнички 0-16
НОВАЦИ: Евротип – Силекс 1-7
ВАЛАНДОВО: Победа (В) – Брегалница 0-6
СКОПЈЕ: Љуботен – Македонија ЃП 0-14
СТРУМИЦА: Беласица – Арсими 2-2 (по пенали: 3-2)
КУМАНОВО: Шкендија (А) – Саса 1-1 (по пенали: 5-4)
ПЕТРОВЕЦ: Пчиња – Новаци 0-3
ТЕТОВО: Тетекс – Пелистер 1-2
ПРИЛЕП: Победа – Башкими 0-4
УТРЕ – 10. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Шкупи
ТЕТОВО: Јени Мале – Шкендија
СКОПЈЕ: Скопје – Тиквеш
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

