Баскет Кам е прв полуфиналист во Купот на Македонија за жени

Баскет Кам е првата екипа што обезбеди учество на завршниот турнир од Купот на Македонија за жени откако вечерва без поголеми проблеми славеше над Спорт Тим со убедливи 89-47.

Разликата во квалитет беше очигледна од самиот почеток, па Баскет Кам беше доминантен уште во првата четвртина, поведувајќи со 28-9, потоа на одмор заминувајќи со 54-21, убедливо водство што дополнително беше зголемено до конечните „плус 42“.

Димова беше во главна улога со 25 поени, Максимовска имаше 13 поени и четири асистенции, додека Поп-Димитровска беше стрелец на 11 поени за победничкиот тим.

Најефикасна кај екипата од Неготино беше Митановска, со дабл-дабл од 19 пони и 16 скокови.

 

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

Баскет кам – Спорт тим 89:47

27. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

12.00: Бадел 1862 – Пробаскет

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RrThvOWNQ9o?si=jNq8jWrrb6s72DFh

14.00: Крива Паланка – Патриот 2016

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IQVVF7zlrns?si=YmbFQU9lF-Qd3vhj

18.30: Вардар – МЗТ Бела вода

Сала КК„Вардар“ – Скопје

Се вчитува...