Кошаркарките на Баскет Кам се овогодинешните освојувачки на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ откако во финалето во СРЦ „Кале“ славеа над МЗТ Скопје со 74-54.
Одличното отварање на натпреварот им донесе на кошаркарките на Баскет Кам двоцифена предност (11-2) уште пред третата минута од средбата, а ритамот беше задржан за 23-10 по првите 10. минути. Тимот од Македонска Каменица продолжи да го диктира темпото и во продолжението од првото полувреме, но како што одминуваа минутите МЗТ Скопје успеа да ја намали негативата на 38-30.
Второто полувреме не донесе промена на средбата. Баскет Кам ја задржа предноста, во последните 10 минути влезе со предност од 56-45 па приреди мирен крај за нов трофеј.
Поп Димитрова со 21 поен и 7 скокови го предводеше Баскет Кам, а 14 поени и 13 скокови додаде Кметовска. Сарафиловска со 17 поени и 5 скокови беше лидер на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА