Баскет Кам го „прегази“ МЗТ Скопје за трофеј во женскиот Суперкуп

Кошаркарките на актуелниот шампион на Македонија, Баскет Кам стигнаа до трофејот во националниот Суперкуп откако вечерва славеа во СРЦ „Кале“ над МЗТ Скопје со убедливи 102-52.

Тимот од Македонска Каменица фуриозно го стартуваше натпреварот и веќе по десет минути игра имаше двоцифрена предност (32-17). До крајот на првото полувреме веќе беа решени сите дилеми откако Баскет Кам на пауза замина со огромна позитива од 59-26.

До крајот само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 102-52. Цветанка Димова со 25 поени беше прво им во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 31 поен на Марија Митева.

Се вчитува...