Баскет Кам ја освои титулата во женскиот Куп на Македонија

Екипата на Баскет Кам го освои трофејот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ за 2026 година, откако во финалниот натпревар славеше над Крива Паланка со 74-68.

Домаќинките од самиот почеток наметнаа свое темпо и по првата четвртина водеа со 17-7, а потоа го задржаа водството до крајот. Иако дебитантките од Крива Паланка се бореа до последните секунди, не успеаја да го прекинат доминирањето на мотивираниот тим од Каменица.

Најефикасна кај победничката екипа беше македонската репрезентативка Ивана Кметовска со 24 поени и девет асистенции, додека Димова и Поп-Димитровска додадоа по 16 поени секоја. Двоцифрена беше и Адамовска со 12 поени.

Кај Крива Паланка блесна Диани Робинсон со 30 поени, а Аби Нихус додаде 17 поени.

Се вчитува...