Баскет Кам ја потврди фаворитската улога за прв трофеј во сезоната

Баскет Кам ја потврди фаворитската улога во натпреварот против Вардар во Суперкупот на Македонија и стигна до нов трофеј во своите витрини триумфирајќи со -.

Тимот од Македонска Каменица подобро го започна натпреварот и рано стигна до двоцифрена предност (14-4), но Вардар не дозволи противникот рано да стигне до висока предност. „Црвено-црните“ до крајот на првата четвртина (19-13) ја вратија едноцифрената негатива по што одиграа и до крајот на полувремето дозволувајќи му на противникот само пет поени во вторите 10. минути за минимално водство од 24-25.

Баскет Кам сепак брзо се консолидираше, прикажа далеку поквалитетна игра во второто полувреме добивајќи ја третата четвртина со 24-7 за предност од 48-32 пред последните 10. минути.

Избраничките на Тони Симиќ не им дадоа надеж на младите вардарки, ја задржаа стабилноста и приредија мирен фиинш на натпреварот за големо славје во СРЦ „Кале“.

Димова и Кметовска го предводеа Баскет Кам со дабл-дабл учиноци од 20 поени и 16 скокови, односно 20 поении и 12 скокови, додека со 12 поени Пислевска беше прво име кај Вардар.

Се вчитува...