Кошаркарките на Баскет Кам се вториот финалист во женскиот Куп на Македонија, откако денеска во второто полуфинале на фајнал-фор турнирот кој се игра во Гевгелија славеа над Бадел со 61-58.
Баделки одиграа подобро во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 26-31. Сепак, кошаркарките на Баскет Кам одиграа фуриозна трета четвртина која ја добија со четиринаесет поени разлика и на крајот се покажа како клучна за конечен триумф од 61-58.
Kaтерина Поп-Димитровска со 16 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 33 поени на Марија Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА