Баскет Кам се закити со нов трофеј во Купот на Македонија откако попладнево во големото финале славеше над бранителот на трофејот МЗТ Скопје со преубедливи 67-39. Аеродромки засилени со неколку Американки се надеваа на одбрана на пехарот освоен лани, но налетаа на далеку поквалитетен противник, тимот од Македонска Каменица демонстрираше надмоќ во сите аспекти на играта и заслужено стигна до победата.
Баскет Кам од почетокот стартуваше доминантно, отворајќи го финалето со 7-0. МЗТ првите поени ги постигна од линијата за слободни фрлања, но следеа две тројки на Баскет Кам по што „сините“ во ова финале стигнаа до двоцифрена предност, добивајќи ја првата четвртина со 21-11. Скопскиот клуб не само што не се врати, туку целосно настрада во втората четвртина што МЗТ ја загуби со уште поубедливи 9-24, практично губејќи ги сите шанси за камбек откако на одмор се замина со предност на Баскет Кам од 45-20.
Тимот од Македонска Каменица потоа во третиот период во неколку наврати имаше по „плус 30“, за рутински да го одработи финалето до самиот крај и конечните 67-39.
Кметовска со 23 и Димова со 19 поени беа најефикасни во победничкиот тим, 15 поени за Баскет Кам постигна Зубац, додека Американката Томас со 16 поени беше најрасположена во таборот на МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА