Баскија на нозе: Билбао купува играч од ривалот Сосиедад

Раководството на шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао реагираше експресно откако стана јасно дека Лапорт пред крајот на преодниот рок ќе го облече дресот на Манчестер Сити, па затоа баскискиот клуб од редовите на Реал Сосиедад го купува Ињиго Мартинез. Висината на трансферот ќе изнесува 32 милиони евра, односно Билбао ја активира клаузулата на шпанскиот дефанзивец, а шпанските медиуми тврдат дека фудбалерот ќе биде најплатениот фудбалер со годишна плата од пет милиони евра.

Преселбата на Мартинез е согласно со трансфер политиката на Билбао, бидејќи има баскиско потекло, но овој потег ќе ја крене цела Баскија „на нозе“ знаејќи дека се работи за два ривалски клубови. Мартинез со трансферот руши клупски рекорд стар 21 година, ќе биде најскап играч во историјата на „лавовите“

26-годишниот одбранбен играч по седум години го напушта својот матичен клуб, одигра вкупно 239 мечеви во сите натпреварувања на кои постигна 17 погодоци, додека за „црвената фурија“ дебитираше во 2013 година, но од тогаш забележа вкупно четири настапи.

 

 

Се вчитува...