Баскијското дерби заврши во корист на Атлетик Билбао, кој на свој терен го совлада составот на Реал Сосиедад со 1-0. Човек на одлука беше Оихан Сансет, кој успеа да погоди во 26. минута за на крајот конечен триумф.
Во вжештената атмосфера на „Сан Мамеш“, Билбао дојде до нова победа над својот ривал на домашен терен, откако ги доби и претходни две дербија во Ла Лига.
Со оваа победа Билбао се искачи на петата позиција на табелата, додека Сосеидад го запиша шестиот пораз, и сега е далеку од првите пет екипи на табелата во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА