Кошаркарите на Басконија не се предаваат така лесно во четвртфиналната серија против Фенербахче во Евролигата. Шпанскиот тим намали на 2-1 во победи во серијата ’до три’ и обезбеди и четврти натпревар кој повторно ќе се игра во Шпанија. Басконија славеше со 88-83.
Првата четвртина беше израмнета, но Басконија на полувреме замина со предност од девет поени (47-38). Фенербахче возврати со 20-28 во третиот период, но домашниот тим сепак беше присебен во решавачката четвртина и успеа да слави заслужен триумф.
Родриг Бибоа беше најефикасен во редовите на Басконија со 21 поени, додека кај Фенербахче се истакна Јан Весели со 17 поени и десет скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА