После првата четвртина, во која Олимпијакос водеше, малкумина очекуваа дека Басконија на крајот ќе дојде до лесен триумф во 21. коло во Евролигата. Грците го добија првиот период, а Басконија се врати во вториот, и на полувреме замина само со +1.
Меѓутоа клучната разлика беше направена во третиот период, кој Басконија го доби со 26-17, и во последната четвртина само мирно го заврши натпреварот и дојде до победата.
Хауард со 21 поен беше најефикасен на средбата.
Во вториот меч, Барселона како и што се очекуваше, лесно дојде до победата над Жалгирис. „Каталонците“ по првиот период имаа предност од +14, но до полувремето Жалгирис се врати и намали до разликата. Меѓутоа во вториот дел шпанскиот тим повторно заигра на нивото, и ја обезбеди победата од 91-73. Бризуела со 24 поени беше кошаркарот со најмногу поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА