Басконија потпиша поранешен победник во натпреварот во забивање на „Ол-стар“ викендот

Новиот кошаркар на евролигашот Басконија е Хамиду Дијало (27), победникот на натпреварот за забивање „Ол-стар“ викендот во 2019 година.

Тој е уште еден НБА кошаркар кој прелета „преку барата“ ова лето и се придружи, на сè поатрактивниот караван од Евролигата.

„Басконија додаде атлетицизам во својот состав со тоа што го потпиша крилниот кошаркар Хамиду Дијал за две години“, објави клубот од Виторија.

Дијало пристигнува по сезона во кинескиот Шанкси Лангс, каде што имаше просек од 22,5 поени, 7,3 скока и 3,1 асистенции по натпревар.

Се вчитува...