Мотоциклистот на Грисини рејсинг, Енеа Бастианини стигна до победата на големата награда на Соединетите американски држави во Мото ГП шампионатот која вечерва се возеше на патеката во Остин.
Италијанецот до победата стигна пред Џек Милер на Дукати кој заврши на второто место и Алекс Ринс Сузуки кој заврши како трет.
Марк Маркез иако го освои само шестото место, имаше неверојатна трка по новиот проблем кој го имаше на стартот на трката кога моторот едноставно не му стартуваше и веднаш се најде на последната позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА