Бастијанини победник во Малезија, Бањаја за нијанса подобар од Мартин во борбата за титула

Возачот на италијанскиот производител на моторцикли, Дукати, Енеа Бастијанини е победник на трката за големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот која утрово се возеше на патеката Сепанг.

Бастијанини на доминантен начин стигна до нов триумф во кралската класа, пред Шпанецот Алекс Маркез. Во борбата за титулата оваа битка ја доби актуелниот шампион Франческо Бањаја кој заврши на третата позиција, пред својот најголем конкурент, Шпанецот, Хорхе Мартин.

Сега разликата во генералниот пласман во светскиот шампионат е 14 поени во корист на Бањаја, на две трки и две спринт трки до крајот на сезоната.

Се вчитува...