Италија почнува да го гледа светлото на крајот на тунелот откако неколку дена по убедливата победа во Турција, „аѕурите“ синоќа гостуваа на Франција и останаа непоразени играјќи 1-1 на теренот на „триколорите“.
Донарума беше херојот со неколку одлични интервенции, овозможувајќи Алесандро Бастони со гол во второто полувреме да израмни на 1-1 и да му донесе голем бод на составот на Роберто Манчини.
„Беше тежок меч, но знаевме дека ќе биде, токму затоа сме и задоволни од конечниот исход. Се боревме храбро, на моменти и патевме, но успеавме да ги замрсиме сметките на Французите, кои како да беа подготвени за големо славје. Најавивме дека не доаѓаме за да се предадеме без борба и со она што го прикажавме дефинитивно останавме на зборот. Можеме да бидеме задоволни, ако играме вака со моќната Франција, можеме да се носиме со секого“, оптимистички е расположен Бастони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
