Бастони брзо ја враќа Италија во игра против Албанија (ВИДЕО)

Италијанците по почетниот шок брзо се вратија во игра и израмнија на 1-1 против Албанија во меч од 1. коло од групата Б на Европското првенство во Германија.

Откако шокатно водство за Албанците донесе Бајрами во 23. секунда со најбрзиот гол во историјата на континенталните собири, израмнување донесе ѕвездата на Интер, Бастони во 11. минута.

Се вчитува...