Засилување на одбраната ќе биде еден од приоритите на Барселона во летниот преоден рок, а на врвот на листата со желби на Ханси Флик и на директорот Деко се наоѓа Алесандро Бастони.
Дефанзивецот на италијанската репрезентација е меѓу најстандардните во таборот на Интер, но „нероаѕурите“ веќе ставиле до знаење дека нема да го блокираат неговото заминување доколку пристигне интересна понуда (Бастони е проценет на 70 милиони евра од сегашниот клуб).
Самиот фудбалер не крие дека е отворен за промена на клупските бои, а на Барселона гледа како на еден од најголемите клубови во светот.
„Барса е еден од оние клубови кои секој играч во светото ги почитува. Историјата, идентитетот, начинот на кој играат фудбал… тоа е навистина специјално. Ла Лига е исто така прекрасна лига, со квалитетни играчи, лига во која се игра технички дотеран фудбал. Можам да кажам дека во моментов сум целосно фокусиран на предизвиците пред мене, на клупски и на репрезентативен план. Но, во модерниот фудбал научив дека никогаш не треба да се каже никогаш… ќе видиме што ќе се случи“, истакна Бастони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

