Батистута избра меѓу Марадона и Меси кој е подобар

Долги години се води дебатата меѓу тоа кој е најдобар аргентински фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона или Лионел Меси. Габриел Батистута се вклучи во расправата велејќи дека иако двајцата се најдобри на сите времиња, сепак според него Марадона е поголем.

„Марадона е подобар во многу работи. Технички Меси е можеби подобар, а можеби и нема разлика. Меѓутоа што се однесува до карактерот на игра Марадона може многу повеќе од Меси и тоа само со неговото присуство на теренот. За мене денеска Меси е најдобар, но во историјата тоа е Марадона“, изјави Батистута. 

 

Се вчитува...