Почнува Светското првенство во Русија, а еден од главните фаворити за титулата е селекцијата на Аргентина, предводена од Лионел Меси. Но, легендарниот аргентински фудбалер, Габриел Батистута, смета дека тој не може самиот да им го донесе трофејот на „гаучосите“.
„Меси е играч кој го посакува секој тренер и може да биде лидер на секоја селекција. Меѓутоа, опасно е доколку Аргентина се потпре само на неговите квалитети. Мундијалот е турнирски систем, ќе играме против силни селекции и само Меси нема да ни биде доволен. Се сложувам дека имаме и други одлични напаѓачи и селекторот ќе биде на слатки маки. Но, за мене Игуаин е вистинската „деветка“ и тој мора да биде во составот. Се надевам дека ќе дава голови и на Светското првенство“, изјави Габриел Батистута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА