Батлер „експлодира“, Јанис и Милвоки пред елиминација, Леброн спасител на Лејкерс (ВИДЕО)

Џими Батлер уште еднаш покажа дека е играч за големи натпревари. Меѓутоа ноќеска играчот на Мајами се надмина себе си со 56 поени го предводеше својот тим до победа над Милвоки во Флорида со 119-114, победа со која Мајами дојдоа до 3-1 во серијата, и се на праг да го елиминираат големиот фаворит предводен од Јанис Адетокумбо.

Батлер во својот плеј-оф рекорд имаше одличен шут од игра 19/28, и погодуваше секогаш кога беше најважно. Додаде 9 скока и 4 асистенции.

На најдобриот тим на западот не им помогнаа ни 14 поени предност на стартот на последната четвртина, кога Мајами направи пресврт. Не помогнаа ниту трипл-даблот на Јанис Адетокубо (16 поени, 13 скока, 10 асистенции), а ниту одличната партија на Брук Лопез (36 поени). Сега тимот на Милвоки нема повеќе право на грешка.

Како и Мајами, и Лос Анџелес Лејкерс дојде до 3-1 во серијата против Мемфис. После продолженија славеа со 117-111. Остин Риверс со 23 поени беше најефикасен, но најдобар учинок имаше Леброн Џејмс кој уфрли 22 поени, а имаше и 20 скока и седум асистенции. Леброн ги спаси Лејкерси со поени со звукот на сирената и го одведе мечот во продолженија.

РЕЗУЛТАТИ:

Мајами – Милвоки 119-114 (3-1 во плеј-оф серијата)

ЛА Лејкерс – Мемфис 117-111 по прод. (3-1 во плеј-оф серијата)

Се вчитува...