Батлер и Кари после драма го однесоа Голден Стејт во плеј-офот

Голден Стејт Вориорс конечно се справи со траумите од минатото и се пласираше во првата рунда од плеј-офот! Во тензичниот дуел против Мемфис Гризлис, тимот од Сан Франциско славеше со резултат 121:116 и со тоа се одмазди за болната елиминација на плеј-ин турнирот во 2021 година.

На паркетот на „Чејс центарот“ седмопласираните Вориорс одиграа меч кој во целост го оправда епитетот драма, а клучните улоги им припаднаа на Џими Батлер и Стеф Кари.

Се вчитува...