Американскиот кошаркар Џими Батлер и несогласувањето со франшизата за која што настапува, Мајами Хит и понатаму се топ тема во кошаркарски САД. 35-годишникот се поврзува со трејд, се споменува и Денвер Нагетс како можна следна дестинација, а сега е откриена и причината за незадоволство.
Првичните гласини беа дека Батлер не е задоволен од соиграчите и раководството на тимот кое не се погрижило за дополнителни засилувања со кои овој тим би го направил и последниот чекор кон титула, но сега е откриено дека станува збор за голема финансиска сума.
Имено, Мајами ја одбил можноста да го продолжи договорот на ветеранот и за следните две сезони во кои би заработил неверојатни 113 милиони долари што наишло на големо незадоволство кај Батлер кој оваа сезона заработува 49 милиони долари.
Батлер е добро познат како одличен кошаркар со победнички менталитет, кој сепак не секогаш се одразува на вистински начин. Преминувањето на границата не само со раководството, туку и често со соиграчите го доведе во три различни клубови во последните шест години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА