Мајами Хит ги совлада Голден Стејт Вориорс со 112:86 во нивниот прв натпревар против поранешната ѕвезда на тимот Џими Батлер.
Средба која многумина ја очекуваа по турбулентните настани во Флорида во текот на јануари и февруари. Џими Батлер ниту ја доби битката ниту војната.
Мајами го искористи доаѓањето на гостите без Стеф Кари за да оствари неочекувано убедлив триумф со целосна контрола на играта од почеток до крај.
Бам Адебајо го предводеше домашниот тим со 27 поени и осум скока. Го следеше Тајлер Херо со 20 поени и седум асистенции, додека Алекс Буркс заврши со 17 поени. Вреди да се истакне дабл-даблот на Вер од 14 поени и 10 скока.
Шарлот – Орландо 104:111
Мајами – Голден Стејт 112:96
Њујорк – Далас 128:113
Хјустон – Атланта 121:114
Јута – Мемфис 103:140
Сакраменто – Оклахома 105:121
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА