Менаџерот на Челси, Антонио Конте веќе извесно време ги разгледува опциите околу замена за Мичи Батшуаји, кој со сигурност ќе го напушти лондонскиот клуб по крајот на сезоната. Првото засилување на италијанскиот стратег не се избори за место во првиот тим, а најголем кривец за тоа е голгетерската серија на Диего Коста. Одличната форма на Коста која е клучна во трката за домашното првенство го остави Конте без друг избор, освен да го остави Батшуаји на клупата и да добива минимална минутажа.
Вест Хем е тимот кој покажа најголем интерес за Белгиецот, а не се исклучува ниту можноста за негов камбек во Олимпик Марсеј откако амбициозните нови газди на клубот најавија желба да го вратат овој фудбалер назад на „Велодром“.
Првиот стрелец на Торино, Андреа Белоти се споменува како опција, но „биковите“ бараат сума која ќе му гарантира место во првиот тим за нивниот голгетер, додека во Челси ништо не поминува незаслужено. Доказ за тоа е и самиот Батшуаи, за кого исплатените 33 милиони фунти му донесоа само 16 настапи како замена, постигнувајќи само еден погодок и една асистенција.
Конте ја разгледува и опцијата за ангажман на Серхио Агуеро доколку Аргентинецот стане достапен за трансфер од Манчестер сити, но сепак се ќе зависи од тоа дали Диего Коста ќе ја прифати понудата за нов договор или пак шпанскиот голгетер летово заедно со Батшуаи ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА