Челси се наоѓа на лидерската позиција во Премиер – лигата, но тоа не го задоволува белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи, кој ја грее клупата за резервни фудбалери и многу ретко добива шанса за настап од Антонио Конте. Токму затоа и сака да го напушти „Стемфорд бриџ“ во овој зимски преоден рок.
Конте истакна дека не сака да има незадоволен фудбалер во својот тим и најверојатно ќе му дозволи да замине на позајмица, а засега има две реални опции каде Батшуаи би можел да ја продолжи кариерата. Првата е да остане во Англија и да му се придружи на Вест Хем, кој бара нов напаѓач по заминувањето на Симоне Заза, а втората е навистина изненадувачка, да се врати во Франција, и тоа во редовите на Лил.
Мичи Батшуаи дојде во Челси од тимот на Олимпик Марсеј минатото лето за сума од 33 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА