Батшуаји го скрши срцето на Атлетико, а Конте се израдува како мало дете (ВИДЕО)

Челси на чудесен начин дојде до победа (1-2) на гостувањето против Атлетико Мадрид. Шпанскиот тим имаше водство од 1-0 на полувремето со голот од пенал на Антоан Гризман, а в вториот дел му се случи потоп.

Мората израмни на 1-1 во 60.минута, а Мичи Батшуаји во четвртата минута од судиското продолжение го постигна победничкиот гол за англискиот првак. На радоста на менаџерот Антонио Конте немаше крај…

Се вчитува...