Играчот за врска на Австрија, Кристоф Баумгартнер беше разочаран од поразот од Турција во 1/8 финалето на ЕВРО 2024 година.
Австријците како првопласирани во групата се пласираа во нокаут фазата, меѓутоа Турција успеа да победи со 2-1, и да ја елиминира Австрија, и покрај тоа што селекторот Ралф Рангник најавуваше пласман до самата завршница.
„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот. Многу ми е тешко да ги најдам вистинските зборови. Сакавме да победиме и дадовме се од себе. Сепак, ова се покажа како недоволно. За нас турнирот заврши многу несреќно“, прокоментира Баумгартнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА