Баутиста Агут се повлече од УС опен

Полуфиналистот на Вимблдон од 2019 Роберто Баутиста Агут нема да игра на УС Опен. Искусниот шпански тенисер реши да го откаже учеството на последниот гранд-слем турнир сезонава.

Поранешниот светски рекет број 9 нема играно од средината на јули и турнирот во Гштад. Опоравувањето не оди според очекувањата и шпанскиот тенисер и неговиот тим решија да не форсираат брзо враќање на теренот.

Тој нема да биде на теренот следната недела во Винстон-Салем, каде исто така беше пријавен. Местото на Баутиста Агут во ждрепката за УС Опен ќе го заземе 25-годишниот јапонски тенисер Јосуке Ватануки кој е 90. на АТП листата.

Се вчитува...