Баварската машина го „сомле“ Фламенго за пласман во четвртфинале (ВИДЕО)

Баерн Минхен со победа од 4-2 над Фламенго, се пласираше во 1/4 финалето на Светското клупско првенство, и си закажа пресметка против ПСЖ меѓу најдобрите осум.

За разлика од мечот во кој ПСЖ оствари победа од 4-0 над Интер Мајами, овој пат беше за нијанса подраматично со оглед дека Фламенго на двапати се доближи до еден гол разлика (2-1 и 3-2), но на крајот „Баварците“ немаа проблем да дојдат до победата, иако многу придонесоа и почетничките грешки на тимот на Фламенго, особено во одбраната.

Мечот беше отворен со автогол кој го постигна Пулгар уште во 6. минута, за три минути подоцна Хари Кејн да погоди од 2о метри. Следуваше намалување на резултатот преку Герсон, а потоа Горецка пред полувремето го однесе Баерн одново на +2.

Сепак, во 55. минута неизвесноста ја врати Жоргињо со гол од пенал, а сите дилеми беа решени од страна на Кејн кој со својот втор гол стави точка на триумфот.

Се вчитува...