Слабиот интензитет на тренинзите на Карло Анчелоти беше една од работите на кои фудбалерите на Баерн Минхен најмногу се жалеа. Сега Јуп Хејнкес наметна посилно темпо на работа, но веднаш се случи и првата повреда – Артуро Видал не го издржа денешниот тренинг и мораше предвреме да се упати кон соблекувалните.
Видал се наоѓаше во Чиле давајќи му поддршка на националниот тим иако поради суспензија нема право на настап на вечерашниот дуел со Бразил. Сепак, Хејнкес бара максимална сериозност и побарал тој да се врати назад во Минхен и да се приклучи на тренинзите на екипата, Видал веднаш полетал за Германија, но веќе на првиот тренинг се пожалил на болка во мускулот.
Според првичните информации, повредата не е премногу сериозна, но се очекува тој сепак да го пропушти претстојниот меч од Бундес-лигата против Фрајбург на „Алијанц арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА