Баварците без проблем до осминафинале во Купот на Германија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат перфектни на стартот на новата сезона, откако вечерва во 1/16 финалето од германскиот национален куп славеа на гостувањето кај Келн со убедливи 1-4.

Домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 со голот на Аче во 31. минута. До крајот на првиот дел гостите стигнаа до целосен пресврт со головите на Диаз во 36. и Кејн во 38. минута (1-2). На 1-3 зголеми Кејн во 64. минута, додека конечните 1-4 ги постави Олисе во 72. минута.

FC Koln 1 – [4] Bayern Munich – Michael Olise 72'
byu/BackgroundMorning630 insoccer

 

Се вчитува...