Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 3. коло во Бундеслигата на домашен терен славеа против Хамбург со 5-0.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Гнабри уште во 3. минута од мечот. Само шест минути подоцна веќе беше и 2-0 откако прецизно стрелаше Павловиќ. Хари Кејн од пенал во 26. минута зголеми на 3-0, а до крајот на првиот дел беше и 4-0 со погодокот на Диаз во 29. минута.
Во вториот дел Кејн со својот втор гол во 62. минута ги постави конечните 5-0.
Bayern Munich [5] – 0 Hamburger SV – Harry Kane 62'
byu/Etpolo insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

