Баварскиот гигант го претстави своето второ засилување во овој преоден рок, а станува збор за Омар Ричардс. Тимот од Минхен вели дека ова е фудбалер кој има голем потенцијал, а за кој се надеваат дека брзо ќе се вклопи во Баерн.
Младиот репрезентативец на Англија пристигна во Германија како слободен фудбалер откако му истече договорот со Ридинг, тој ги покрива позициите на бекот и се очекува да биде замена за Алфонсо Дејвис.
„Многу сме задоволни што Омар е нашиот нов фудбалер. Тој е одличен техничар, наоѓа добри решенија во нападот и добро ја затвора левата страна. Веруваме дека лесно ќе се вклопи во нашиот систем“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Ричардс не го криеше своето задоволство од новиот предизвик и честа да игра за шампионот на Германија.
„Доаѓањето во Баерн е голема чест за мене, горд сум што ќе го носам дресот на еден од најголемите клубови во светот. Едвај чекам да играм“, рече Ричардс.
Дефанзивецот потпиша четиригодишен договор со Баерн и ќе го носи дресот со број три. Пред него, клубот од Минхен го ангажираше Дајо Упамекан од Лајпциг.
Der #FCBayern hat Omar Richards verpflichtet. Der 23-jährige Abwehrspieler kommt ablösefrei vom britischen Zweitligisten FC Reading und unterschrieb beim Deutschen Meister einen Vertrag bis 2025. #ServusOmar
— ? MEISTER ? (@FCBayern) May 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА