Баерн Минхен продолжува со победнички чекор во Бундес-лигата, откако денеска го совлада Мајнц на гости со 0-2. Баварскиот тим сега има огромни 18 бода предност во однос на Баер Леверкузен, кој ремизираше без голови на гости против Фрајбург.
Франк Рибери го отвори резултатот во корист на Баерн Минхен на гостувањето кај Мајнц, а Хамес Родригез пред самиот крај на првото полувреме зголеми на 0-2. Тоа беше доволно за нови три бода за тимот на Јуп Хејнкес.
Вердер во самиот финиш дојде во важен триумф (1-2) на гости против Шалке. Конопљанка ги доведе домашните во водство, но во вториот дел Шалке остана со играч помалку, а тоа Вердер го искористи за целосен пресврт, со головите на Крусе и на Јунузовиќ.
Резултати Германија: Фрајбург – Баер Леверкузен 0-0, Херта – Хофенхајм 1-1, Мајнц – Баерн Минхен 0-2, Шалке – Вердер 1-2, Волфсбург – Штутгарт 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА