Баварците го „прегазија“ Лајпциг (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа до убедлив триумф на домашен терен од 5-1 против Лајпциг во премиерниот натпревар од 15. коло кое е последно во оваа календарска 2024 година во германската Бундеслига.

Првите две минути од мечот ни донесоа вистински возбудувања. Во првата минута домаќините поведоа со 1-0 со голот на Мусиала, а само минута подоцна гостите израмнија на 1-1 преку Шешко.

Сепак, тоа беше се што направија гостите од Лајпциг. Ново водство за Баварците донесе Лајмер во 25. минута (2-1), а до крајот на првиот дел беше и 3-1 со голот на Кимих во 36. минута. Во вториот дел Сане во 75. минута зголеми на 4-1, додека конечните 5-1 беа дело на Дејвис во 78. минута.

Bayern Munich [5] – 1 RB Leipzig – A. Davies 78'
by insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...