Баерн Минхен го растури Хамбургер на „Алијанц арена“ со 8-0. Фудбалерите на германскиот првак денеска беа посебно мотивирани, а има и посебна причина за тоа. Сакаа на најдобар можен начин да му го честитаат големиот јубилеј на својот шеф, тренерот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег по 1000. пат беше на клупата на официјален натпревар во тренерската кариера, а неговите фудбалери се погрижија да го памети засекогаш, со една од најубедливите победи.
Хет – трик постигна Левандовски, двоен стрелец беше Коман, а во листата на стрелци се запишаа и Видал, Алаба и Робен. Баерн Минхен по 22 одиграни кола во Бундес-лигата има пет бода предност на врвот на табелата во однос на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА