Бебешко: Добро е што освоивме медал… Голужа: Не очекувавме ништо повеќе од овој Фајнлфор

Тренерот на третопласираните Мешков Брест, Сергеј Бебешко е среќен што неговиот тим ги награди домашните навивачи со медал, бидејќи, како што рече, тие им биле мотивација за победата.

Задоволен од настапот на неговиот тим, особено како функционираше одбраната во второто полувреме.

„Одигравме одличен натпревар, особено во вториот дел. Моите играчи беа нервозни пред мечот, прво поради поразот од завчера, а второ поради навивачите. Тие дојдоа тука да не бодрат да осовиме медал, па среќен сум што тоа го остваривме. Сакавме да го прославиме 15. роденден со победа, па и за тоа ми е мило. Од стартот на мечот ја направивме предноста, потоа само останавме фокусирани да ја задржиме разликата. Им честитам на Загреб, и тие одиграа феноменално“ – изјави Бебешко.

goluza

Кормиларот на ППД Загреб, Славко Голужа, пак, изјави дека е задоволен од целокупниот настап на неговите избраници, иако од Брест заминуваат со празни раце. Единствениот проблем кај неговата екипа е што немаа доволно време да се подготват за овој Ф4, со оглед на тоа дека тој од скоро е на клупата на загрепчани.

„Пред се сакам да им ја честитам победата на Мешков Брест, одиграа фантастичен натпревар. Што се однесува до мојот тим, одигравме различни полувремиња. Во првото бевме добри во нападот, додека во вторите 30 минути подобри бевме во одбраната. Пред да дојдеме на оваа завршница кажав дека немавме доволно време да се подготвиме. Ја сум тука нов тренер, па ни требаше уште минимум пет тренинзи за да се организираме како екипа. Од овој пораз има и позитивни работи. Настапија неколку млади играчи кои не играа на претходниот меч. Сакавме да играме брз ракомет, тоа и го направивме. Сепак на крајот ни недостигаше многу малку, но за тоа „многу малку“ треба да се работи уште многу многу време. Сакам да се заблагодарам на огрганизацијата, на градот и на навивачите за прекрасното гостопримство. На мојот колега Бебешко му посакувам се најдобро во идинина. Ние заминуваме со позитивна енергија и убави спомени“ – изјави Голужа.

Се вчитува...