Бечеки, по повеќе од две години, до пол-позиција во Австрија

Возачот на Априлја, Марко Бечеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија.

Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година, а на Големата награда на Индија, тој го постави најбрзиот круг за 1:28.060. Бечеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлја по малку повеќе од година и пол.

Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја третото.

Меѓу првите десет беа и Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Фермин Алдегуре, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.

Денеска следува спринт трката од 15 часот, а главната трка е закажана за в недела (17 август).

Се вчитува...