„Бед Блу Бојс“ остро кон фудбалерите на Динамо по ремито со Локомотива

Локомотива и Динамо Загрем ремизираа 1-1 на „Максимир“, со што во голема мера се реши шампионската трка во хрватското првенство.

Динамо со овој кикс и дозволи на Риека денеска да стане нов шампион доколку го победи Хајдук. Иако Динамо водеше од 39. минута со голот на Сандро Куленовиќ, конечните 1-1 ги постави Силвио Горичан со еврогол во 73. минута.

Навивачите на Динамо, популарните „Бед Блу Бојс“ беа револтирани поради ова и јасно им ставија до знаење на своите играчи. Штом судијата Дује Струкан означи крај, од трибините на „Максимир“ се слушаа свирежи.

Тие ги нападнаа и вербално играчите на Динамо кога се упатија кон северната трибина да ги поздрават. Потоа уште повеќе ги исвиркаа и ги бркаа во соблекувалната, што го направија со наведнати глави.

Се вчитува...