Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, 22-годишниот Бехар Фета е нов играч на словенечкиот прволигаш Алуминиј од Кидричево.
Деснокрилниот офанзивец потпиша двегодишен договор со Алуминиј, со можност за продолжување на истиот. Во овој тим доаѓа како слободен играч, по претходното искуство во Словенија во екипите на Марибор и Домжале.
Својата кариера ја започна во Фортуна, а во македонскиот шампионат играше и за Шкендија и Воска Спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

