Бехар Фета стрелец за Алуминиј во поразот кај Копер

Македонскиот интернационалец Бехар Фета, беше стрелец за единствениот гол за тимот на Алуминиј во поразот од 4-1 над Копер на гостински терен.

Повремениот репрезентативец во 81. минута се запиша во листата на стрелците, откако противникот имаше 3-0, а до крајот победничката екипа стигна и до четврти гол.

За Фета ова беше петти гол во овосезонското првенство на Словенија, а овој запиша и две асистенции во досеашните одиграни 16 кола.

 

Се вчитува...