Во машката ракометна репрезентација на Македонија на стартот од подготовките во неделата на ЕХФ има повод и за прослава. Бејби-бум и две принови за неколку дена стигнаа на голманската позиција.
„Министерот за одбрана“, Борко Ристовски од денеска има уште една функција – стана татко. Малиот Душан е прво дете на Борко и на неговата сопруга Николина. Борко утре треба да пристигне од Барселона во Скопје. За прослава на семејната радост нема многу време бидејќи веднаш се приклучува на подготовките со македонската репрезентација.
Неколку дена предходно, син доби и Никола Митревски. За разлика од Борко, Никола е веќе искусен во родителската улога. Тој и неговата сопруга Елена ја имаат ќерката Атанасија, а во четвртокот семејството го доби и новиот член, синот Антонио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА