Поранешниот грчки репрезентативец Софоклис Скорцанитис се наоѓа во тешка состојба откако итно бил примен во болница во текот на викендов, пренесуваат грчките медиуми.
Информациите од јужниот сосед велат дека „Бејби Шек“ (еден од прекарите што овој центар ги имаше настапувајќи во Европа) бил примен во сериозна состојба, со многу висок крвен притисок. Деталните прегледи ќе покажат за што точно станува збор, но првичните информации дека на Скорцанитис целосно му откажал едниот бубрег, додека другиот функционира со намален интензитет.
Состојбата во меѓувреме била стабилизирана, но лекарите ги чекаат резултатите од деталните прегледи пред да ја утврдат точната дијагноза и третманите на лечење што ќе му бидат препорачани на поранешниот кошаркар.
Скорцанитис во голем дел од кариерата имаше над 180 килограми, што придонесе тој во последните години да се соочува со здравствени проблеми. Тој се пензионираше во 2020 година, а претходно настапуваше за Олимпијакос, Макаби, Црвена Звезда, Панатинаикос, ПАОК, Канту…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

