Во очекување на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, струмичка Беласица се засили со двајца нови играчи.
Нови имиња во редовите на Беласица се Христијан Бејков, кој игра на позицијата стопер и во Струмица доаѓа од екипата на ФК Кожуф и голманот Борче Картов кој доаѓа исто така од екипата на ФК Кожуф. Во својата кариера Картов има настапувано и за ФК Вардар.
Беласица во новата сезона во ВМФЛ ќе биде предводена од искусниот стратег Васе Беќаров, кој е поранешен селектор на македонската репрезентација до 17 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА