Бејл: Ако треба ќе играм и три меча по 90 минути за Велс

Велс ќе игра на Светско првенство за прв пат по 1958 година, а капитенот на „змејовите“ Герет Бејл вели дека е целосно подготвен да го даде максимумот за својата земја. И додека во Реал се мачеше и повеќе време поминуваше на голф отколку на фудбал, Герет Бејл секогаш беше подготвен да ги заврши задачите кои му беа дадени на натпреварите во Велс.

За репрезентацијата постигна 40 гола на 108 натпревари, а сега го очекува Светското првенство и дуелите во групата Б со Англија, Соединетите Американски Држави и Иран.

„Јас сум целосно подготвен. Ако треба да одиграм три меча од 90 минути, ќе одиграм три меча од 90 минути. Беше тешко, особено психолошки. Мислам дека тоа беше за сите во последните три или четири недели, сите ние секојдневно слушаме приказни за некој што се повредил и логично е да бидеме тажни за фудбалер кој ќе го пропушти Светското првенство. Навистина е тешко да се разговара со играчите кои играа пред само ден или два, ние само се молевме никој да не биде повреден“, изјави Бејл. 

Првиот натпревар Велс го игра на 21. ноември против Соединетите Американски Држави во 20 часот.

Се вчитува...