За Герет Бејл веќе нема иднина во Реал Мадрид откако јасно му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на тренерот Зинедин Зидан за наредната сезона. „Кралевите“ имаат проблем да најдат купец што ќе ја покрие огромната плата на Бејл од околу 20 милиони евра. Кинескиот клуб Пекинг Гуан е единствениот што досега покажа финансиска моќ за да го доведе Бејл, испраќајќи огромна понуда до самиот фудбалер.
Имено, Бејл би заработувал сто евра на минута во Пекинг, или околу еден милион евра неделно, со што велшкиот ас би станал и најплатен фудбалер во светот, минувајќи ги Меси, Нејмар и Роналдо од врвот на оваа листа.
Проблем претставува фактот дека Пекинг не сака да му плати ништо на Реал, туку сумата се однесува само за договорот на Бејл во случај тој да пристигне во Кина како слободен играч. „Кралевите“ ја отфрлија првата ваква понуда, но откако во меѓувреме не добија посериозна понуда за велшкиот ас, сега се во сериозна дилема да го променат ставот само за што поскоро да се откачат од најплатениот фудбалер во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА